Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Голем број на клубови се интересираат за услугите на младиот фудналер на Арсенал.
Момчето по име Крис Вилок останува без клуб на крајот на сезоната поради тоа што не е заинтересиран да остане во Арсенал, иако клубот се трудеше ова момче и наредната сезона да биде член.
Условите кои му се понудени не му се допаднале на неговиот менаџер, па е одлучено да го промени клубот.
Ова момче е напаѓач, игра за младата репрезентација на Англија, многумина сметаат дека ќе има голема кариера.
19-годишниот сега е на мета на Евертон кој е најупорен, а се споменуваат и други клубови меѓу кои се и Саутемптон и Бурнмут.
Интерес, истотака, доаѓа и од Бундеслигата, поради тоа што Борусија од Дортмунд е заинтересирана да го види во своите редови.