Ова не е класично ривалство: Повторно релација Милан-Интер…


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милан и Интер се големи градски ривали, но тоа е едно од оние ривалства кои не важат за особено „жешки“.

Нема судири, на дерби натпреварите се иде практично семејно, а ниту управите не се во лоши односи. Напротив.

Газета дело Спорт, тврди дека Интер сака да го купи дефанзивецот на Милан, Кристијан Запата.

Клучот во целата операција го држи прославениот фудбалер на „Нероаѕурите“, Иван Кордоба кој е агент на Запата.

Колубиецот не е во прв план кај Џенаро Гатузо, не му помагаат ниту честите повреди, па овој потег би можел да биде решение за сите страни.

Интер би му понудил двегодишен договор со опција за продолжување на уште една потоа.