„Оваа МВП награда е круна на кариерата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Финалниот турнир во ЛШ заврши со историска победа на Вардар.

Вардар го победи ПСЖ со 24:23, а за најкорисен играч беше избран Арпад Штербик.

„Учествував во 9 финалиња во ЛШ или завршни турнири. Освоив 3 трофеи. Сега и 4-ти. Сепак, оваа МВП награда ми е круна на кариерата.“

„Ние функционираме како тим. Тоа беше важно. Сите наши млади играчи, кои досега не освојуваа важни трофеи, одиграа одлично. А кога ја победивме Барселона, знаевме дека може да го освоиме пехарот.“