Овие фудбалери би можеле оваа зима да ги напуштат топ 6 премиерлигашките клубови


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Оваа зима најголемите англиските клубови би можеле да доживеат одредени промени во составите.

Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед оваа сезона ќе се борат за врвот на табелата.

Иако сега Челси има шест бода предност пред Ливерпул и седум од Манчестер Сити јасно е дека трката не е завршена.

Менаџерите имаат полна рака работа и во зимскиот преоден рок, а како што се важни доаѓањата така се и важни заминувањата од клубот.

 

Челси

Оваа зима би можел да замине Бранислав Ивановиќ и Џон Оби Микел бидејќи немаат важна улога во системот на Конте. Покрај нив двајца не треба да го заборавиме и Сеск Фабрегас, меѓутоа само во случај Конте да пронајде замена бидејќи Оскар го напушти клубот.

 

Ливерпул

Мамаду Сако е отстранет уште од почетокот на сезоната и кај Јирген Клоп ја заврши својата мисија. Имаше понуда од ВБА, се знае дека ќе замине, но прашањето е каде. Во плановите на Клоп не е ниту Тијаго Илори кој игра во резервниот тим, а бидејќи на маса има понуди од Франкфурт, Фрајбург, Валенсија и Гранада јасно е дека ќе замине во јануари.

 

Манчестер Сити

Пеп Гвардиола во овој момент ги користи сите свои фудбалери и тешко дека некој ќе го продаде оваа зима.

 

Арсенал

Единствениот фудбалер кој можеби заслужува поголем улога и минутажа е Чемберлејн кој сака повеќе да игра, а англиските медиуми неговото заминување го гледаат како потенцијална зимска бомба.

 

Тотенхем

Единствениот кој што мора да замине е дефанзивецот Кевин Вимер. Тој нема место ниту во отсуство на Тоби Алдервеирелд бидејќи Ерик Даер добива шанса пред него. Вимер се споменува како замена за Ван Дијк ако го напушти Саутемптон или да пресели во Манчестер Сити.

 

Манчестер Јунајтед

Овој клуб би можел да остане без најмногу фудбалери оваа зима бидејќи на трансфер листата се Мемфис Депај, Маруан Фелаини, Морган Шнајдерлин и Бастијан Швајнштајгер.

Депај е најблиску до Евертон, ВБА нуди 13 милиони евра за Шнајдерлин, Фелаини беше на преговори со Милан, а Швајни можеби ќе оди во пензија или можеби во МЛС.