Од Барселона плаќаат 65 милиони евра за играчот на Наполи


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува дека од таборот на Барселона ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали.

Спортскиот директор на Барселона, Ариедо Браида беше на „Сан Паоло“ на натпреварот против Ливерпул за да го следи настапот токму на Калиду Кулибали. Покрај играчот на Наполи, Браида во дефтерот ги запишал и Салах, Фирмино и Мане.

Стоперот на Наполи е сенегалски интернационалец но поседува и француски пасош, па Барселона ќе може да го регистрира како играч од Европската Унија.