Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се поразени денеска на домашен терен од Манчестер Сити со 2:1.
Сити на Олд Трафорд стигна до три нови бода, а овој пораз посебно тешко падна на Жозе Мурињо.
Нормално, познато е дека Мурињо и Гвардиола се големи ривали, а шпанскиот стручнак денеска на Португалецот зададе нов удар.
Сепак, многу ја критикуваа играта на Јунајтед, посебно во првото полувреме од натпреварот.
И самиот Мурињо е свесен дека згреши со изборот на составот, и јасно даде до знаење до играчите дека нема да толерира лоша игра:
„Искрено, овој натпревар да се игра сега сигурно два или три играчи нема да го почнат натпреварот. Не можете лежерно да шетате по теренот, тоа не се простува. Сепак, тоа е фудбал, некогаш играчите ќе разочараат на теренот, а некогаш ќе изненадат“, рече Мурињо.