Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно е една од главните теми во италијанската јавност.
Иако не е на ниво, како во минатата сезона, за овој српски играч и понатаму владее голем интерес на пазарот и наголемо се шпекулира дека на зима би можел да направи трансфер во друг клуб.
Меѓу оние кои би сакале да го видат во своите редови е и Интер, чиј нов дикректор Бепе Марота веќе остварил некои неофицијални контакти со луѓе од Лацио, меѓутоа јасно е дека Нероаѕурите мораат да го одврзат кесето доколку сакаат да го видат на Меаца.
„Лацио нема економска моќ како Барселона и Реал Мадрид, така да ако дојде понуда која се добива само еднаш во животот секако дека је размислиме“, изјави првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито.
Јасно е дека Лацио се надева на износ повисок од 100 милиони евра, меѓутоа многумина мислат дека партиите кои СМС ги пружа во моментот не се во сразмер со парите на кои е проценет.