Оклахома со пораз: Трипл-дабл на Вестбрук


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во најсилната лига на светот беа одиграни 9 натпревари, а најинтересно беше во дуелите на Оклахома и Хјустон, односно Сакраменто и Њујорк.

Хјустон подобар од Оклахома со 102:99. Ариз на 6 секунди до крајот успеа да постигне 2 слободни фрлања, а потоа Мороу промаши удар за продолжување.

На Џејмс Харден му недостигаше еден скок за нов трипл-дабл, а натпреварот го заврши со 21 поен, 12 асистенции и 9 украдени топки. Од друга страна, на домаќинот не му помогна ниту 12-от трипл-дабл на Вестбрук. Најдобриот кошаркар на Оклахома постигна 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Кошаркарите на Њујорк беа подобри на гостувањето кај Сакраменто со 103:100, а до 13-та победа Њујорк стигна благодарение на Кармело Ентони и неговите 33 поени и 7 скокови. Кај Сакраменто ДеМаркус беше најдобар со 28  поени, 12 скокови и 6 асистенции.

Кевин Лав имаше дабл-дабл со 28 поени и 15 скокови, а добра игра имаа и Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг.

Во редовите на Мајами најдобар беше Дерик Вилијамс со 17 поени.

Останатите резултати:

Шарлот – Орландо 109:88
Бостон – Торонто 94:101
Милвоки – Атланта 110:114
Минесота – Детроит 90:117
Далас – Индијана 111:103
Лејкерс – Феникс 115:119