Отказот стокмен: Петарда за Реал Мадрид од Барселона (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Вистинска фудбалска лекција му одржа Барселона на „Кралскиот клуб“ на денешниот натпревар одигран на „Камп Ноу“.

Каталонците со високи и неочекувани 5:1 славеа на едно од најголемите светски дерби пресметки, „Ел Класико“.

Барселона стигна до предност уште во 11. минута кога Кутињо ја затресе мрежата на Куртоа. Во 30. минута, од белата точка резултатот го зголеми Луис Суарез.

Со овој резултат се замина на одмор, а по само пет минути во вториот дел Реал Мадрид успеа да се врати во игра со голот на Марсело.

Сепак избраниците на Лопетеги тука застанаа, а Барселона со нови три гола запиша голема победа по која е понижен најголемиот ривал.

Луис Суарез два пати и Артуро Видал беа творци на најголемиот срам на Кралевите во последно време.

Овој пораз речиси сигурно ќе значи и крај на Жулен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид.