Официјално: Барселона има нова „седмица“! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Популарниот број на дрес кој го носеа Хенрик Ларсон, Давид Виља и Педро доби нов сопственик во Барселона.

Филипе Кутињо ќе биде нов сопственик на дресот со број седум во новата сезона. Бразилецот ќе го добие бројот од Арда Туран.

Кутињо при доаѓањето во Шпанија го одбра бројот 14, но постојано ја сакаше „седмицата“ и конечно ја доби.