Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими потпиша договор со словенечкиот тим на Домжале кој ќе биде со траење од една и пол година.
Ибраими се враќа во Словенија по неуспешната авантура во тимот на Астана. Нашиот интернационалец со успех го носеше дресот на Марибор пред да направи трансфер во Казакстан каде поради повреди не успеа да ги докаже своите квалитети.
„Најпрво сакам да се заблагодарам на сите во Домжале, посебно на тренерот Симон Розман и спортскиот директор Мате Ораз што ми дозволија да се приклучам на ’жолтото семејство’. Среќен сум и горд што ќе ги бранам боите на овој тим. Уште кога прв пат ги стартувавме преговорите бев убеден дека ова е вистински чекор за мене. Многу сум мотивиран, сакам да се вратам во стариот ритам, но пред се ви ветувам дека ќе го дадам максимумот за клубот“- гласеше првата изјава на Ибраими по потпишувањето со Домжале.
Во редовите на Домжале настапува уште еден повремен македонски репрезентативец, Зени Хусмани.