Официјално: Манчини нов селектор на Италија


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сите знаевме дека веста е точна, а сега истата е и официјална- Роберто Манчини е нов селектор на репрезентацијата на Италија.

Манчини го раскина договорот со Зенит и како што се најави од претходно потпиша договор со Фудбалскиот сојуз на Италија за преземање на репрезентацијата.

Италија остана без селектор по дебаклот во квалификациите кога не успеаја да обезбедат пласман на Светското првенство, за прв пат по 60 години.

Манчини официјално ќе биде претставен на медиумите утре со почеток во 12:00 часот.