ОФИЦИЈАЛНО: Медел потпиша за Бешикташ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Чилеанскиот репрезентативец Гари Медел денеска и официјално потпиша за турскиот клуб Бешикташ.

 

Висината на трансферот изнесува 3 милиони евра а 30-годишниот Медел го напушта Интер по разочарувачката сезона која клубот ја имаше во првенството.

Гари Медел стана четвртото летно засилување на турскиот клуб откако претходно во Бешикташ дојдоа и Пепе, Алваро Негредо и Џермејн Ленс.

 

Минатата сезона Медел настапи на 26 лигашки натпревари а играше во одбраната и во средината на Интер.