Официјално: Јувентус доведе уште едно засилување!

Во финишот на јануарскиот трансфер период, управата на Јувентус договори уште еден играч.

Италијанските медиуми пренесуваат дека денеска Јувентус го договори 20 годишниот Рикардо Орсолини кој доаѓа од Асколи за 6 милиони евра плус 4 милиони евра бонуси.

„Потврдуваме дека го ангажиравме Орсолини за 6+4 милиони евра кои ќе бидат исплатени во наредните 2 години. Орсолини со нашиот тим потпиша договор до 2021 година“ – известија од италијанскиот клуб

Орсолини денеска допатува во Торино каде ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со Јувентус. Овој 20 годишен играч веќе утре се враќа назад во Асколи каде ќе игра како позајмен до крајот на оваа сезона.