Официјално: Џигаури и Итало не се повеќе дел од Вардар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше сега стана и официјално, Џамбул Џигаури и Хозе Оливера Дос Сантос Итало повеќе не се дел од Вардар.

И на двајцата фудбалери им истекоа договорите по завршувањето на есенскиот дел, а од клубот се одлучија да не ги продолжат истите.

Џигаури во Вардар пристигна во јануари минатата сезона и на 40 натпревари во дресот на Вардар постигна пет голови од кои четири во домашниот шампионат и еден во Лигата на Европа.

Итало пак беше донесен како замена за Балотели во летниот преоден рок и не се снајде баш најдобро во „црвено црниот“ дрес. Бразилецот на 17 натпревари во Вардар постигна четири гола.