Пакт во Милано: Соиграчите го отпишаа Икарди од Интер!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека во Милано се подготвува заговор против напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој се наоѓа во немилост на управата откако ја загуби капитенската лента.

Вчера неговата сопруга и менаџерка, Ванда Нара кажа дека би можела да се согласат конечно со управата за нов договор.

Сепак, голем дел од фудбалерите на Интер се против неговото враќање во екипата, па дури постои пакт меѓу нив за да го исфрлат Икарди од Милано.

Соиграчите го обвинуваат Икарди дека преку Ванда и нејзините критики внел немир во тимот, па со одбивањето да игра ако не е капитен, ги прекршил сите правила, а со тоа се сложува и тренерот Лучано Спалети.

Клубот веќе почна да бара замена, а се споменува и размена за Пуало Дибала од Јувентус, но ништо не е сигурно, па најверојатно на лето ќе биде решена неговата иднина.