Патрик Виера седнува на клупата на Ница

Од редовите на Ница се уверени дека Патрик Виера ќе биде нивен нов предводник по заминувањето на Лусиен Фавре во Борусија Дортмунд.

Виера се поврзуваше и со клупата на Арсенал, но од раководството на клубот се одлучија да му дадат шанса на Унаи Емери.

Французинот кој во моментов е предводник на Њујорк Сити сега се поврзува со премин во редовите на Ница.