Пеколниот план на Барселона – Неверојатни 110 милиони евра за најсилниот тим во историјата на фудбалот


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ако Барселона го доведе овој тандем можеби ќе биде најсилна засекогаш.

Според каталонските медиуми, спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез почна да работи за летниот преоден рок, а примарните мети се Хектор Белерин и Марко Верати.

Каталонскиот Спорт на својата насловна страна соопшти дека Барселона е спремна да понуди 40 милиони евра за десниот бек на Арсенал кој после една разочарувачка сезона размислува да си замине.

Белерин има договор до 2022-ра, заработува 150.000 фунти неделно, тоа се одлични услови, па Барселона мора да даде многу.

Спорт пренесува дека Роберт Фернандез закажал состанок со раководството на Арсенал каде ќе се обиде да најде заеднички јазик.

Белерин е дете на Барселона, но не треба да заборавиме дека го сака и каталонецот Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Што однесува до Верати, Мундо Депортиво пренесе дека Барселона го означи како примарна мета за средниот ред. Андре Гомеш и Денис Суарез не се покажаа како вистински засилувања и можно е едниот од нив да замине на лето.

Верати после елиминацијата на ПСЖ од ЛШ за прв размислувал за заминување од Париз бидејќи се најде на удар.

Италијанецот верува дека не заслужува таков третман, а Барселона е тим кој е сигурно по негова мерка и желба.

Сепак, ниту него Барселона лесно да го доведе, го сакаат Јувентус, Челси и Реал Мадрид, а цената е 70 милиони евра.