Пеп го посакува Азар во Сити

Еден Азар ќе биде трансфер цел на Манчестер Сити ова лето откако Пеп Гвардиола покажал сериозен интерес кон играчот на Челси.

Каталонскиот стратег сака три големи засилувања за следната сезона, а доколку не успее да го донесе Азар ќе се насочи кон Томас Лемар или Ријад Махрез.

Во одбраната Пеп ќе се обиде да го донесе Тоби Алдервилд, а постои опција да го донесе и Џони Еванс за само три милиони фунти, а средниот ред ќе го засилува со Фред, Вајгл или Жоргињо.