По првите два вечерашни натпревари познати три патници во осминафиналето од Лигата на шампионите


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Ајакс остварија вредна гостинска победа во Атина кај АЕК и така обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Холанѓаните славеа со погодоците на Душан Тадиќ во 68. и 72. минута од средбата и со тоа го чекираа билетот за следната фаза.

Во вториот натпревар одигран во 18:55 часот, Викторија Плзен со 2:1 славеше против ЦСКА Москва и така им ги уништи надежите на Русите за пласман понатака. Домаќинот поведе со голот на Власич, но гостите од Чешка со два гола во 56. и 81. минута направија целосен пресврт и со три бода си заминаа од Москва.

Чешкиот шампион со оваа победа го реши прашањето на патниците во осминафиналето од Групата Г. Пласман меѓу најдобрите 16 во Европа и официјално изборија Реал Мадрид и Рома кои вечерва играат меѓусебен натпревар за првата позиција.