Погба: Мурињо сакаше од мене да направи будала…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Отказот кој Жозе Мурињо го доби во Манчестер Јунајтед е главна тема во британските медиуми.

Црвените Ѓаволи под палката на Португалецот не бележеа баш најдобри резултати, поготово во Премиер лигата каде се наоѓаат на шесттото место, што е под сите очекувања.

Самиот тим и атмосферата беше далеку под ниво, што потврдуваа и написите дека само двајца играчи се за останување на Мурињо во клубот, а тоа биле Немања Матиќ и Ромелу Лукаку.

Меѓу оние кои најмногу се радуваа на расплетот на оваа ситуација е Пол Погба.

„Мислеше од мене да направи будала, ги сврти навивачите против мене, но се зафркна со погрешен човек“, наводно коментирал Погба во вторникот на тренинг, пренесува The Sun.

Погба мора брзо да се смири, бидејќи досегашниот помошник на Мурињо, Мајкл Карик му дал до знаење дека никој не е над клубот.

Од друга страна, Погба треба да му покаже на Солскер дека сеуште има магија во неговите нозе.