Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја означи понудата на Арсенал за Карим Бензема како срамотна. Како што наведуваат шпанските медиуми, Топџиите понудиле 40 милиони фунти за Бензема.
Меѓутоа, претседателот на шпанскиот великан Перез, им вратил со негативен одговор и понудата ја означил како срамотна.
Иако Бензема не блеска во дресот на Реал, Перез смета дека тој сеуште е еден од најдобрите напаѓачи во светот и дека неговата вредност е многу поголема од 40 милиони фунти.
Бензема стана член на Реал во 2009. година. Тој договорот го продолжи крајот на септември и врзан е за Кралевите до 2021. година. Меѓутоа, тој константно се поврзува со заминување од клубот, што Арсенал сакаше да го искористи. Оваа сезона Французинот постигна само четири гола од одиграни 14 натпревари.