Порака на небо која зборува што сакаат навивачите од Венгер

Во последно време навивачите на Арсенал прават се за да замине Венгер по 20 години.

Навивачите на Арсенал му замеруваат на Венгер што последната титула ја освои пред 13 години, а дополнително ги налути вчерашниот пораз од ВБА, поради кој Арсенал падна на 5-то место и ја загрози борбата за Европа.

Во текот на натпреварот, навивачите на одличен начин му испратија порака на Венгер.

Додека траеше натпревар, прелетуваше авион со порака:

„Нема нов договор, Венгер заминувај!“

По последниот пораз новинарите го прашаа Венгер дали заминува на крајот, но тој остана мистериозен.

„Знам што ќе направам во иднина и за тоа наскоро ќе ве известам. Ќе видите.“