Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалскиот тренер Карлос Кеирош ќе биде нов селектор на Колумбија, која ќе ја предводи до 2022 година.
„Воодушевен сум што пристигнувам во Колумбија. Му се заблагодарувам на Фудбалскиот сојуз за повикот“, кажа Кеирош по пристигнувањето.
Кеирош неодамна го заврши осумгодишниот мандат на селекторската позиција во Иран, кој на Азискот Куп стигна до полуфинале, каде што загуби од Јапонија со 0-3.
Кеирош беше и тренер на Спортинг Лисабон, Реал Мадрид, Њујорк Метростарс, како и асстент во Манчестер јунајтед.











