После два порази во низа Гвардиола и Сити се радуваа, Ибрахимовиќ јунак на Манчестер Јунајтед на Селхарст, Рондон го тероризира Свонси


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Уште пет натпревари се одиграа од шеснаесетото коло од ПЛ.

Манчестер Јунајтед славеше на Селхарст против Кристал Палас со 1:2. Погба во судиското продолжение од првото полувреме погоди за водство на ѓаволите. Во второто полувреме МекАртур го израмни резултатот. Две минути пред крајот на натпреварот Златан Ибрахимовиќ ја затресе по втор пат мрежата на домашните и му донесе победа на својот тим. Кристал Палас во следното коло ќе го пречека Челси на Селхарст Парк, а Манчестер Јунајтед му гостува на ВБА.

Манчестер Сити после два порази во низа во ПЛ славеше на Итихад против Вотфорд, 2:0. Капитенот Забалета во првото полувреме постигна погодок за водство на граѓаните.  Давид Силва пред крајот на натпреварот ги реши дилемите околу победникот на овој натпревар. Манчестер Сити и Пеп Гвардиола во следното коло имаат дерби натпревар на Итихад, доаѓа Арсенал, а Вотфорд ќе му гостува на Сандерленд.

Стоук и Саутемптон ремизираа и ги поделија бодовите, 0:0. Домашните го завршија натпреварот со фудбалер помалку бидејќи Арнаутовиќ во 23-та минута доби црвен картон. Стоук во следното коло ќе го пречека шампионот Лестер, а Саутемптон му гостува на Борнмут.

Тотенхем го декласира Хал со 3:0. Ериксен постигна два погодоци и еден Ванјама во големата победа на Тотенхем. Петлите во следното коло играат против Барнли, а Хал ќе му гостува на Вест Хем.

Саломон Рондон со хет-трик во второто полувреме го реши Свонси. ВБА славеше против Свонси на домашен терен со 3:1. ВБА во следното коло ќе го пречека Манчестер Јунајтед на домашен терен, а Свонси ќе гостува на Риверсајд против Мидлзбро.