После помалку од шест месеци во ПСЖ, Шпанецот се враќа дома?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не се снајде во новата средина, лесно може да се случи повторно да го гледаме во Примера.

Еден од најдобрите продукти на школата на мадридски Реал во последните години, Хесе Родригез, го напушти Бернабе во потрага за минути.

Заврши во Париз, во транфер вреден 25 милиони евра, но не успеа да се наметне кај својот сонародник на клупата на Светците Унаи Емери.

Само два пати стартуваше, имаше проблем и со подготвеноста на почетокот, подоцна и со повредите, било како било делува дека не ја пронајде средината во која ќе има загарантирана минутажа.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека е спремен за нова промена, се споменува и еден заинтересиран клуб.

Имено, Лас Палмас сака да му вети минутажа, а интересот на клубот од Канарските острови за поранешниот играч на мадридски Реал го потврди и претседателот на тој клуб.

Значи, Хесе после помалку од шест месеци може да се врати во татковината, сепак, нема сомнеж дека ќе остане фудбалер на ПСЖ и дека во Лас Палмас, или било која друга заинтересирана страна ќе игра како позајмен фудбалер.

Заинтересирана е и Рома, која нанишани неколку мети пред јануарскиот преоден рок, ако сакаат да се вмешаат во борбата за титулата во Серија А.