Потрагата на Гатузо заврши: Милан најде напаѓач во Шпанија?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан засега ги има Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне, кои настапуваат многу добро, но сезоната е долга, па управата сака да се осигура.

Враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ нема да има, иако се најавуваше долго време, па Милан би можел да го ангажира Вилијан Хозе.

„Скај Спорт“ пишува дека Бразилецот од Реал Сосиедад, кој постигна три гола на 12 натпревари сезонава, би можел наскоро да потпише со „росонерите“.

Сепак, дали ќе се реализира трансферот на 27-годишниот напаѓач во Милан, останува да видиме во јануари.