Почна големата трка, после Реал и Барселона ја сака ѕвездата од ПЛ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фантастичниот фудбалер е во центарот на вниманието во последните денови.

После тоа што пред неколку дена се појави информација дека Реал Мадрид го сака Деле Али сега во трката се вклучи и Барселона.

Така пренесе Дејли Мирор кој тврди дека каталонците во својот тефтер го ставиле името на ѕвездата на Тотенхем.

Деле Али повторно блеска во ПЛ, на последните четири натпревари постигна седум погодоци.

Сепак, јасно е дека неговата цена нема да биде мала, Тотенхем како и обично ги преценува своите ѕвезди, па заинтересираните ќе мораат да издвојат помеѓу 70 и 80 милиони евра за Деле Али.

Барселона тешко дека ќе плати толку за него, но можеби ќе мора ако него доведе Кутињо кој е прва желба.