Правилата на Алегри: Пред дербито на сезоната, двајцата најскапи играчи надвор од тимот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како и што најавивме во текот на неделава, Алегри не се плаши да донесе тешки одлуки. Според пишувањата на италијанските медиуми тој ќе го олади Дибала на натпреварот на сезоната, дербито со Интер.

Аргентинецот кој е надвор од формата ќе биде на клупата, додека Миралем Пјаниќ ќе го задржи местото во тимот. Алекс Сандро исто така ќе биде на клупата, додека во тимот се враќа Марио Манџукиќ.

Хендикеп за Јувентус ќе биде неиграњето на Буфон кој е повреден, а Даглас Коста би требало повторно да добие прилика пред Квадрадо.

Кедира исто така ќе биде на клупата, Германецот не е во форма.

Интересно е тоа што според процените, Дибала и Алекс Сандро се двајцата убедливо најплатени играчи на Јувентус на пазарот, а дербито ќе го започнат од клупата. За Бразилецот Јувентус одбија 70 милиони евра, а веројатно клубот ќе го продаде во Јануари бидејќи го изгуби местото во првиот тим, а Дибала веројатно во овој момент е еден од најскапите играчи во светот.