Прв поголем инцидент кога во прашање се хулиганите на Мундијалот во Русија (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако обезбедувањето во Русија за време на Светското првенство е прилично големо, не успеа да се избегне првиот поголем инцидент кога во прашање се навивачите.

Во првата голема тепачка учествуваа домашни хулигани, фанови на Динамо Москва како и полски навивачи кои во Русија стигнале да ја бодрат својата селекција.

Во хаосот летаа најразлични предмети, а полошо поминаа гостите од Полска кои беа нападнати од околу 70 московски навивачи.