Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Набил Фекир зад себе има одлична сезона во дресот на Лион, а малку недостигаше да се пресели во Ливерпул.
Трансферот во Англија беше договорен, Фекир ги помина лекарските прегледи, но потоа Лион одлучи да ја сопре преселбата на Француинот.
Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола откри зошто го сопрел трансферот на Французинот во Ливерпул.
„Набил беше блиску до Ливерпул, но не се согласив јас да се пресели. Трансферот не беше завршен до крај бидејќи процедурата беше предолга“, кажа Ола.
Кратко по случувањата со англискиот гигант, се појавија и шпекулации дека Реал Мадрид го сака Фекир, а Ола го потврди нивниот интерес.
„Кога не се реализираше трансферот на Фекир во Ливерпул, интерес за него покажаа Реал и нивниот нов тренер“, открива претседателот на Ола.