Признание на Мојс – Крос и Фабрегас договориле премин во Јунајтед, а што беше со Бејл?!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шкотскиот стручнак ја отвори душата при враќањето на Театарот на соништата со екипата на Сандерленд.

Дејвид  Мојс грчевито се бори за опстанок со Сандерленд, а за Боксинг деј доаѓа на Олд Трафорд каде што тешко ќе може да се надева на бодови.

Неговото враќање беше повод за анализа на периодот кога ја презеде екипата на Јунајтед од Алекс Фергусон.

Треба да се потсетиме на следните интересни факти – Луј ван Гал како најголеми засилување по  доаѓањето ги доби Ди Марија, како и Фалкао, Жозе Мурињо Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Ерик Бејли и Хенрик Михтаријан, додека Дејвид Мојс само – Маруан Фелаини.

Сепак, тој откри дека до последен момент се бореше за во Манчестер Јунајтед да ги доведе Тони Крос и Герет Бејл, како и Сеск Фабрегас.

На крајот, Бејл замина во Реал Мадрид во истото лето, додека Крос и Фабрегас останаа уште една сезона во Баерн и Барса, а во меѓувреме се се изјалови и замина во друга насока.

„Кога стигнав во Јунајтед, моја прва и најголема желба беше Герет Бејл. Бев уверен дека тој е создаден за клуб како што е Манчестер Јунајтед и се борев за неговиот потпис до последен момент. Ние на Тотенхем понудивме дури 10 милиони повеќе од Реал Мадрид, но Бејл се одлучи д а оди во Реал Мадрид“, ја почна својата приказна Мојс и продолжи:

„Следен беше Сеск Фабрегас, за кого верував дека може да биде наш организатор на играта. Верувале или не, се беше речиси договорено, сепак, Барселона во последен час се одлучи да го задржи уште една сезона. Понекогаш и договорени зделки не се реализираат, но во таа смисла најлошо ми падна случајот со Тони Крос. Со него беше се договорено, требаше да дојде во Јунајтед уште во претходниот јануари. Имавме вербален договор, ми вети дека ќе премине во Јунајтед, и дека нас ќе не одбие само во случај добие понуда од Реал Мадрид, што и се случи во летото 2013 година“, ја отвори душата Мојс.

Значи, Јунајтед и после заминувањето на Алекс Фергусон цели на големи домети и играчи на пазарот, но остана со кратки ракави.

Е сега, замислете Мојс во тоа лето да ги добиеше Фабрегас и Крос наместо Фелаини, и Бејл да го засилеше нападот. Вака би изгледал во тој случај Јунајтед во сезоната 2013/14: