Продолжува егзодусот од Вардар: Мораеш потпиша за Веспрем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рожерио Мораеш официјално потпиша договор со унгарскиот тим Веспрем, па ракометарот на Вардар ќе се пресели во новиот клуб на први јули 2019 година.

Мораеш во Веспрем ќе му се приклучи и на поранешниот голман на „црвено-црните“, Арпад Штерпик, но откако ќе ја одработи сезоната во Скопје.

Мораше во минатото има настапувано за Кил, од каде што пристигна во Вардар, па сега ќе ја продолжи европската турнеја и во Веспрем.