Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Веќе се познати четири патници во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а во наредните недели ќе ги дознаеме и последните четири.
Откако ќе бидат одиграни следните натпревари во осминафиналето на елитното натпреварување, како и обично ќе се одржи ждрепката за паровите во следната фаза.
Меѓутоа, ждрепката во Нион, на 15 март, ќе биде последна за сезонава во Лигата на шампиони. Системот е променет, па така освен паровите во четвртфинале, ќе биде одржана и ждрепка за полуфинале.
Од администартивни причини ждрепката ќе го одреди и домаќинот во финалето, па така на 15 март ќе го дознаеме цел костур на натпреварувањето.
Ова не е првпат ваков систем да се користи. Ждрепката последен пат на ваков начин беше направена во 2012 година.