Просечен Македонец треба да работи 26 години за еднодневна плата на Хамилтон!

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон летоска доби нов договор со екипата на Мерцедес.

Хамилтон потпиша двегодишен договор со Мерцедес до 2020 година и ќе добие 30 милиони фунти, како и дополнителни 10 за бонуси.

Британецот заработува неверојатни 109.000 фунти дневно, односно 769.000 фунти неделно, додека на месечно ниво добива 3,3 милиони евра.

На годишно ниво заработува 10 милиони фунти, а тоа е повеќе и од ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

„Интересно“ е тоа што просечен Македонец треба да работи неверојатни 26-27 години и да добива просечна плата од речиси 26.000 денари, според Државниот завод за статистика, за да заработи еднодневна плата на Хамилтон.

„Веќе 20 години сум член на семејството на Мерцедес и никогаш не сум бил посреќен во тимот, отколку сега. Ние сме на иста бранова должина и надвор од патеката и се радувам што имам шанса да соработувам со нив“, кажа Хамилтон.