Протекоа фотографија од новиот дрес на Ливерпул (ФОТО)

На интернет страните кои се занимаваат со фудбалски дресови протекоа фотографии на новите дресови на Ливерпул за следната сезона.

На една фотографија дресот го носат Роберто Фирмино, Мо Салах и Вирџил Ван Дијк. Минатата сезона Ливерпул дресот го презентираше на 27 април, а такво нешто може да се очекува и оваа година.

Гостинските дресови треба да бидат виолетови, додека третите дресови ќе бидат во бела боја.