Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ победија вечерва на „Паркот на принцовите“ против Ливерпул со2-1 во рамки на петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Ситуацијата во група Ц беше многу комплицирана на две кола пред крајот, па овој натпревар беше од голема важност за двете екипи. На крајот ПСЖ постигна победа, која го стави во одлична позиција за пласман во осминафинале.
Домаќините стигнаа до водство во 13. минута, а стрелец беше Бернат, додека Нејмар погоди за 2-0 во 37. минута, а Џејмс Милнер ги постави конечните 1-2 во првото полувреме.
Сега во групата Наполи е лидер со девет освоени бодови, ПСЖ има осум, Ливерпул шест, па во последното коло ќе биде пеколно на „Енфилд“, каде што гостува италијанскиот тим.
Останати резултати:
Атлетико Мадрид – Монако 2-0
Локомотива Москва – Галатасарај 2-0
Борусија Дортмунд – Клуб Бриж 0-0
Наполи – Црвена Звезда 3-1
Порто – Шалке 3-1
ПСВ – Барселона 1-2
Тотнем – Интер 1-0