Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на ПСЖ вчера испратиле и официјална понуда во висина од 21.5 милиони фунти за услугите на играчот од средниот ред на Евертон, Идриса Гана Геје.
„Скај Спортс“ дознава дека фудбалерот сака да се пресели во францускиот шампион, но од Евертон ќе го блокираат овој трансфер.
Сенегалскиот интернационалец е клучна алка во составот на Марко Силва и „Карамелите“ немаат намера да го пуштат да замине во јануарскиот преоден рок.
Сепак, се верува дека ПСЖ нема да се откаже и наскоро ќе испрати нова, подобрена понуда за услугите на популарниот Гана.