ПСЖ објави: Нејмар не сака операција, го очекува долга пауза! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Експертите ја анализираа повредата на Нејмар, која ја заработи во мечот против Стразбур во францускиот куп, па изгледа сериозно и сега ќе треба да паузира долг период.

Нејмар нема да заигра во Лигата на шампиони против Манчестер јунајтед, а нема да го игра најверојатно ниту првиот меч од четвртфиналето во европското натпреварување доколку ПСЖ обезбеди пласман понатаму.

Парижаните објавија дека Нејмар ќе паузира десет недели, а тоа автоматски значи дека ќе се соочат со потешкотии во следниот период.