Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија од Дортмунд не сака туку така да го пушти Пјер Емерик Обамејанг.
Пјер Емерик Обамејанг најверојатно на крајот на оваа сезона ќе ја напушти Борусија од Дортмунд, а се очекува и дека Борусија добро ќе заработи од оштетата за овој Габонец.
Многу се заинтересирани да го видат во своите редови, Премиерлигашите доминираат, но и ПСЖ во акција, посебно во последните денови.
Патрик Клајверт е човек кој одржа разговор со претставниците на Габонецот, а наводно успееја да ги договорат сите услови, пренесува Билд.
Парижаните се спремни да понудат неверојатни 14 милиони евра годишно за плата на Обамејанг, што неговите претставници никако не можеа да одбијат. Тоа што е најголем проблем во овој момент, е оштетата за него која ја бара Борусија од Дортмунд.
Засега не е постигнат договор меѓу двете екипи, ќе видиме дали и ќе биде, поради тоа што секој во овој случај си го гледа својот интерес.