ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
ПСЖ на Паркот на принцовите убедливо ја победи Црвена Ѕвезда со 6:1 во натпревар од второто коло од групната фаза на Лигата на шампиони.
Вечерта ја обележа сјајниот Нејмар кој постигна хет трик, но ја обележаа и инцидентите во градот после натпреварот.
Навивачите на ПСЖ после натпреварот ги нападнале навивачите на Ѕвезда, а сега се огласија и француските великани.
,,ПСЖ ги осудува недопусливите инциденти кои се случија во средата после завршувањето на натпреварот од Лигата на шампионите со Црвена Ѕвезда. Клубот исто така го осудува и насилството и пиротехничките средства по завршувањето на натпреварот.ПСЖ настојува што порано да ги идентификува поединците кои предизвикаа инциденти и поради тоа ќе соработува со припадниците на полицијата и државната власт”- истакнаа парижаните во официјалното соопштение и притоа додадoa:
,,ПСЖ потсетува на својата одлучност да се бори против сите облици на вакво однесување , прифаќајќи ги сите облици на сигурност… Ги осудуваме постапките на поединци кои се согласија со договорот на клубот кој подразбира почитување на принципите на однесување како предуслов ,,Ултраси” да се вратат на Паркот на принцовите”.