Пукна љубовта: Пике и Шакира се разделија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Жерард Пике и колумбијската пејачка Шакира повеќе не се заедно.

После седум години, наводно парот одлучил да се раздели, а Шакира веќе ја напуштила семејната куќа во Барселона, каде што овој познат пар живееше претходните години.

Наскоро се очекува и официјална потврда на оваа информација, а наводно на шпанските и колумбијските медиуми оваа информација им ја потврдил близок извор на атрактивната пејачка.

Жерард и Шакира беа во врска од почетокот на 2011. година. Тие имаат две деца Милан (4) и Саша (2), а последен пат јавноста ги виде заедно на свадбата на соиграчот на Пике, Лионел Меси.

Шпекулациите за разделба од тој момент не престануваа и веројатно сега веќе се е готово.

Пике претходните денови беше во центарот на вниманието поради поддршка на каталонскиот референдум.