Пјаниќ најмногу трча во Јувентус, а во Серија А е на 15. место


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако е тешко да се забележи со голо око, Пјаниќ оваа сезона работи многу повеќе на теренот, отколку што беше тоа случај порано, а тоа може да се забележи и во статистичките податоци.

Италијанците пренесуваат дека Алегри на почетокот од оваа сезона малку ја модификуваше позицијата на Пјаниќ, па ова се одрази на неговата статистика која кажува дека Пјаниќ трчи најмногу во Јувентус.

Одличниот играч за врска просечно трчи по 11.2 километри на натпревар и по ова е на 15. место во Серија А.

Инаку, Пјаниќ оваа сезона има одиграно 11 натпревари во Серија А, има постигнато еден гол и една асистенција, а во ЛШ има четири настапи и два гола.