Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Милан, Криштоф Пјатек откри за кој клуб навивал како дете.
Полската сензација кажува дека бил голем фан на Арсенал додека растел, а посебно му се допаѓале Тиери Анри и Денис Беркамп.
Тој за Тутоспорт го изјави следното:
„Бев навивач на Арсенал додека растев. Навистина го сакав стилот на игра на Венгер и ги почитував шампионите како Анри или Беркамп“, порача Пјатек.
Пољакот игра навистина одлично оваа сезона и се чини дека Росонерите ја направија вистинската работа во последните неколку години со неговото доведување.
Пјатек во Серија А оваа сезона играјќи за Џенова и Милан вкупно постигна 27 голови на сите натпреварувања, а одигра 30 натпревари.