Ракитиќ откри каде ќе ја продолжи кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера со многу проблеми го победи Ваљадолид со 1-0. Каталонците беа големи фаворити, но до трите бода стигнаа потешко од очекуваното. Единствениот гол за гостите го постигна Осман Дембеле.

Сепак, еден од најлошите играчи вчера беше Иван Ракитиќ, кој беше критикуван од навивачите. Но, треба да се каже дека теренот беше во катастрофална состојба.

Ракитиќ веќе со денови е во центар на внимание затоа што се шпекулира дека ПСЖ испратиле понуда за неговите услуги. Најверојатно тоа беше причината за послабите игри против Ваљадолид, но хрватскиот играч реши да стави крај на шпекулациите.

„Можам да ви кажам дека останувам во Барселона. Мене ми е чест што можам да го бранам овој грб, зашто е најдобар клуб на светот. Вистина е дека имав некои понуди и одлуката не беше лесна. Сепак, најважно е тоа што останувам и моето семејство е среќно во Барселона“, кажа Ракитиќ.