Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Реал вечерва ги освати своите соиграчи на цедило, а потоа имаше што да каже и на стоперот на Барса со кого не е во најдобри односи.
Реал е поразен на својот стадион од Барселона со 2:3, повеќе за дуелот ТУКА.
Ова беше еден од подобрите Ел Класика во последно време, видовме одлични голови, фантастични одбрани на голманите, но и детали за некои црни фудбалски хроники, како грешки на главниот арбитар и црвениот картон кој го заработи Серхио Рамос.
Капитенот на Реал со две нозе стартуваше над Лео Меси, судијата без двоумење, многу брзо му покажа црвен картон и како да го најде патот до соблекувалната.
Не се бунеше Рамос многу, тргна кон тунелот кој водеше во соблекувалната, а тогаш го погледна својот можеби и најголем ривал Жерар Пике.
Стоперите на најголемите ривали на шпанскиот фудбал се во лоши односи, често имаат кавги на друштвените мрежи.
Рамос по напуштањето на теренот се сврти кон Пике и му гестикулираше со раце дека многу зборува.
„Само зборувај, само зборувај“, се можеше да се прочита од усните на Рамос, нормално на шпански.
Provocativo gesto de Sergio Ramos a Gerard Piqué en el Bernabeu: “Habla ahora” https://t.co/RmwJ0BhLYd #FORCABARCA #messi #ramos #pique
— Última Hora Vídeos (@ultimahoranyv) April 23, 2017
Следеше и изјава после натпреварот каде што капитенот на Реал Мадрид имаше порака за судијата и играчите на Барселона.
„Не сме како тие, не е наш манир да зборуваме за судијата. Црвениот картон не беше фер но ги почитуваме судиските одлуки“, рече после натпреварот Серхио Рамос.
Нема сомнеж дека нивниот конфликт веќе утре ќе продолжи на друштвените мрежи, а вие следете го развојот на ситуацијата на нашиот сајт.