Рамос испрати порака на Твитер по страшната повреда на Шо (ФОТО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Левиот бек на Англија, Лук Шо, вчера заврши во болница по судирот со Дани Карвахал во текот на натпреварот против Шпанија во Лигата на нации.

Шо се судри со шпанскиот играч по што остана да лежи на земја затоа што загуби свест и за среќа медицинскиот тим реагираше брзо, но играчот на Англија не можеше да го продолжи дуелот.

По страшниот момент кој се случи на „Вембли“ многу играчи испратија пораки со поддршка до Шо, а меѓу првите се огласи капитенот на Шпанија, Серхио Рамос, кој му порача да оздрави побрзо.