Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Франк Рајкард одлучи да ја прекине својата тренерска кариера, потврдија денеска странските медиуми.
Причина за кажувањето Збогум на тренерските води за Рајкард е тоа што сака повеќе внимание да посвети на својата фамилија.
„Веќе неколку години сум без ангажман. Поставив други приоритети во животот, односно ќе се трудам секој ден да го следам растењето на моите деца. Можеби пак ќе се вратам во фудбалот, но не како тренер“ – вели Рајкард.
Последниот ангажман го имаше на клупата на Саудиска Арабија а уште ги водеше и екипите на Галатасарај, Барселона, Холандија и екипата на Спарта Ротердам.