Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„АС“ пишува дека Милитао Едер, 21-годишниот Бразилец, во лето ќе се пресели во Реал Мадрид за 50 милиони евра.
Дефанзивецот на Порто, кој пред шест месеци стигна на „Драгао“ од Сао Паоло, одигра 15 натпревари и со еден постигнат гол остави одличен впечаток во најдобрата одбрана во лигата.
Желбата на Реал е да потпишат договор со Едер до 2026 година и така почнува создавање на новиот шампионски Реал, во кој ќе бидат 18-годишниот Винисиус Жуниор и една година постариот Брахим Дијаз.
Милитао е роден во јануари 1998 година, а има 186 сантиметри и во септември дебитираше за сениорската репрезентација на Бразил во победата против Ел Салвадор со 5-0.