Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус на Драгао го победија Порто со 0:2 во првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ.
Порто после 27 минути игра остана со 10 фудбалери на теренот, црвен картон доби Алекс. Од слободен удар Квадрадо се закани по голот на Икер, но неговиот шут заврши покрај голот.
Во судиското продолжение од првото полувреме Дибала ја погоди стативата.
Резервата Пјаца во 72-ра минута од натпреварот ја затресе мрежата на Касиљас за водство на бјанконерите.
Само две минути подоцна повторно промена на семафорот. Стрелец повторно резерва, овој пат Алвеш кој зголеми на 0:2.
На крајот Јувентус победи со 0:2 и со една нога е во четвртфинале.